DW: Во игра повисоки придонеси, поголем данок на добивка, и зголемување на данокот на додадена вредност

Според информации на Дојче веле, во консултации со експертската јавност веќе се разгледуваат неколку опции. Клучната дилема околу која се кршат копјата е кое од решенијата да се примени веќе со наредната фискална година. Во игра се повисоки придонеси, поголем данок на добивка, а на маса е ставен и предлог за зголемување на данокот на додадена вредност:

„Во игра се неколку опции, а на маса е и прашањето за данокот на додадена вредност. Евентуално да се оди на зголемување на ДДВ за 2 до 3% со што би се обезбедил сериозен прилив на финансиски средства со кои би се покриле огромните буџетски дупки. Ефектот од ова би бил голем, а последиците минимални. Некои производи ќе поскапат незначително, а дел и ќе останат со исти цени. Сѐ ова засега е на ниво на идеја и предлог, но нешто мора да се менува бидејќи пари нема“, открива за Дојче веле експерт вклучен во целиот процес.

„Апсолутно се потребни непопуларни мерки, како на пример онаа за ДДВ. Или ќе имаме сериозен и храбар министер за финансии или повторно нема да се обезбедат ефикасни политики кои ќе генерираат развој и ќе ги покријат дупките. Па само годишно во Фондот за пензиско се префрлаат по 500 милиони евра, што е трагедија. Се протежира персоналецот да се зголеми на 18%, но тврдам дека оваа мерка ќе демотивира и нема да го даде посакуваниот ефект. Ако сакаат екстра пари минимално нека не ги чепкаат персоналецот и данокот на добивка, или максимум до 12%, но не од наредната година, туку евентуално од 2019-та“, коментира тој.

Од Министерството за финансии категорично отфрлаат каков било простор за евентуална промена на данокот на додадена вредност, но и не откриваат кои и какви ќе бидат евентуалните интервенции во даночниот систем.

Неизвесноста создава нервоза кај стопанствениците кои стравуваат од несакани ефекти. Дел од бизнисмените апелираат владата активно да ги консултира и нив во носењето на мерките. Посебно во оние што се дел од даночниот систем. Премиерот Зоран Заев деновиве најави нови давачки и раст на даноците за, како што рече, финансиски да ги зајакне општините. Сепак не прецизираше кои даноци ќе бидат опфатени и колку ќе се придвижат стапките нагоре.

Тука можевте ги прочитате главните поенти сите кои сакаат да го прочитаат целиот текст можат на следниот линк  Дупката во буџетот ќе се крпи со повисоки даноци и придонеси?

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!