Фени пред стечај 850 вработени ќе останат на улица!

После затворањето на Југохром и отпуштањето на вработените во Јегуновце, изгледа Кавадарци е следен на листата. За што станува збор?Имено бугарската компанија „Енекод“, која требаше да го купи кавадаречкиот комбинат „Фени“, не ги уплатила потребните средства за да ја потврди купопродажбата, пренесува Макфакс.

Од друга страна вработените од Фени кажуваат дека стечајот за Фени станува се поизвесен оти роковите на попишаниот имот од извршителите се истечени и почнува наплатата на долговите.

На почетокот на неделава некои од вработените јавно се посомневаа дека продажбата е уште една измама, која на краток рок треба да му обезбеди бегство на сегашното раководство, кое, според нив, е највиновно и директно одговорно за прекинот на производството и огромните долгови на фабриката.

Вработените во „Фени“ уште идат на работа, но цел месец откако трае кризата, производство во фабриката нема, туку само се одржува топла единствената производна линија.

Се надеваме дека Фени нема да ја доживее судбината на Југохром од Јегуновце.

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!