Мате Римац: За да успеете треба да се откажете од сѐ и да работите на својата визија

Луѓето ми се на прво место. Тоа е нормaлно во сите нормални компании. Имаме 250 луѓе, од 16 националности, спречуваме Хрватите да ни бегаат во странство. Ние вработуваме, Американци, Германци, Аустријци, Ирци, а нашите луѓе идат да работат во тие држави. Работничките права се фоскула, ние се трудиме тоа кај нас да биде врвно, кажа Римац во емисијата на Хрватската државна телевизија.

Зборувајќи за своето детсво, кажа како живееле скромно додека неговиот татко работел на градилиште во Германија, а мајка му чистела хотели.

Во Хрватска се вратиле во 2000 година.

Основно школо завршил во Самобор а роден е во Ливно, Босна и Херцеговина не му било лесно како што ќе каже самиот зборувал како босанска баба.

Тој бил општински и државен првак во електротехника и ја претставувал Хрватска на бројни светски натпреварувања.

“Да не беше тоа, професорот да не ме буткаше и наговараше да идам на натпреварувања кој знае дали денес воопшто ќе постоеше Rimac Automobili. Многу сум благодарен на тоа” ќе изјави Римац.

Римац отсекогаш сакал да се занимава со автомобили, па ја споил својата страст во иновација. На 18 години купил Bmw e30 популарна наречена коцка, со помош на своите родители, но успеал да издржи само два натпреаври.

“Никогаш не глумев дека правиме автомобил за да го спасиме светот, само сакавме да покажеме дека електричниот автомобил може да биде забаваен”, ќе додаде Римац

Мате Римац во емисијата ќе каже дека го користел сето можно знаење и се обидувал што повеќе да дознае од различни извори- дека живеел за тоа. Многу научил во пракса и поставувал прашања и на форумите. (продолжува на страна 2) 

error: Content is protected !!