Утрински “ритуал” на Ashton Kutcher со кој ја зголемил продуктивноста

Постојат некои изненадувачки податоци кои покажуваат дека 80% од милениумците спијат со своите телефони. Друга студија пак, открива дека 40% од возрасните ги проверуваат своите телефони секој 5 минути. Половина од вработените на високите позиции денот го започнуват со проверка на својот mail.

Повеќето од нас го започнуваат (а често и го завршуваат) својот ден конзумирајќи и реагирајќи на мислите и барањата од другите луѓе. Актерот и инвеститор Ashton Kutcher е еден од малцинството кога станува збор за оваа работа

За подкастот на Arianna Huffington ќе каже дека mail-овите во вашиот инбокс се во суштина туѓа листа на работи. И дека ако дозволите вашиот инбокс да го одреди тонот на вашиот ден, тогаш сигурно ќе го поминете поголемиот дел од своето време на приоритетите на другите луѓе.

Kutcher секако најдобро го знае ова. Тој бил еден од многумината кое секое утро се фаќале веднаш за својот телефон. Како последица на тоа, поминувал по неколку саати дневно на “mail”.

Тоа стана буре без дно, од кое беше невозможно да се извлечеш” објасни тој и додаде “На секој mail кој го испраќав доаѓаа уште три одговори. Се што работев беше завршување работа на други луѓе по цел ден, и никогаш не стигнував работите кој ги сакав да ги завршам”.

За да го откачи овој образец кој го убивал неговиот успех, Kutcher направил нов утрински ритуал кој му овозможува да работи на тоа што мисли дека е важно за тој ден.

Кога ќе се разбудам… Поминувам саат време без да читам mail-ови. Тогаш запишувам се што сакам да завршам за тој ден, и пред да тргнам да читам mail ови, ќе направам се што е потребно за себе, и се што сакам другите да направат за мене. И дури на крај тргнувам кон тоа што бара моја реакција.” ќе рече Kutcher.

error: Content is protected !!