Криптовалутите вредат повеќе од 200 милијарди долари

Вкупната вредност на сите криптовалути денес, има постигнато рекорд со вредност од повеќе од 200 милијарди долари, објави веб сајтот CoinMarketCap. Тоа значи дека пазарната вредност на криптовалутите е поголема од вредноста на американскиот банкарски гигант Citigroup.

Новиот рекорд е постигнат во време кога најпознатата криптовалута bitcoin достигна рекордна вредност од 7500 долари на луксембуршката берза за криптовалути Bitstamp.

Вредноста на Bitcoin е зголемена за повеќе од десет пати во последните 12 месеци.

Вкупната вредност на сите bitocoin-и кои се во промет моментално е повеќе од 120 милијарди долари.

Втората криптовалута по пазарна капитализација Ethereum, има пазарна вредност од нешто помалку од 30 милијарди долари, додека останатите околу 1000 криптовалути заедно вредат околу 50 милијарди долари.

Кога пазарот на криптовалутите би бил само една компанија, таа по вредност би била меѓу 25 најголеми компании според берзанскиот индекс Standard & Poor’s 500.

Дали Македонија треба да воведе прогресивен данок?
Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!