Како технологијата ќе го трансформира начинот на кој денес се произведува

Технологијата го менува начинот на кои се произведуваат работите. Но интересно е да се види на кој начин машинското учење, вештачката интелигенција, 3D печатарите, интернет на нештата(IoT), проширената и виртуелната реалност … го менуваат начинот на производство.

Најважната работа е што многу се намалуваат трошоците при самото производство, благодарение на напредокот кој овозможува поголема ефикасност и помала потрошувачка на енергија. Со тоа се менува начинот на кои ќе се поправаат работите. Односно, доаѓа до превенција кога станува збор за кваровите. Тука на сцена стапуваат машинското учење, вештачката интелигенција и интернет на нештата, кои овозможуваат комуникација помеѓу уредите па проблемите (или предностите) ќе бидат детектирани на време.

Особено во оваа приказна за производство се важни 3D печатарите, кои со соодветен материјал можат да реплицираат буквално се, односно можат да направат се што сме дизајнирале на компјутер или на било кој соодветен уред. Моментално се многу скапи и комплицирани, но со развојот на тој дел од технологијата ќе добиеме многу корист.

Што се однесува нa VR (виртуелната реалност) и AR (проширената реалност). Тие симулираат реалност уште пред нешто да стане реалност. На тој начин полесно се прават разни тестови и се спречуваат несреќи, кварови неправилности, недостатоци од било кој вид. Заедно со VR И AR работниците ќе можат полесно да ја работат својата работа, а особено тоа се однесува на оние кои работат во некои опасни занимања како што е рударството, работата на големи височини итн, бидејќи ќе можат со многу помал ризик да се постигнат посакуваните резултати.

Исто така не треба да се нагласува колку е битно за сателитите на земјината орбита, тоа што ќе може да комуницираат со уредите, со тоа што уредите ќе учат, а деловите ќе се изработуваат побрзо и полесно како никогаш порано, но и дека ќе можат да се користат на таков начин како што не можело порано. Се тоа благодарение на технологијата, или подобро речено на тежнеењето на луѓето да се иде напред.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!