Филип Видиновски: рекордното загадување е заради ГРЕЕЊЕТО НА ЌУМБИЊА!

Не знам од што повеќе сум разочаран: дали од „мерките“ кои владата ги предлага за справување со екстремното загадување, или од неписменоста на огромното мнозинство премудри аналитичари низ коментарите, со предлози како филтри на оџаци, зеленило, точаци, ваква забрана, онаква забрана и што уште не…

Просто не ми се верува дека мораме да објаснуваме нешто толку очигледно: рекордното загадување Е ЗАРАДИ ГРЕЕЊЕТО НА ЌУМБИЊА.

Бидејќи повеќето од вас кои кукурикате и кокодакате „ааа колите, ооо оџаците без филтри, иии дивите депонии, блеее дизели мизели, муууу градежните активности“ ОЧИГЛЕДНО НЕ ЗНАЕТЕ да прочитате и протолкувате наједноствани статистички дијаграми, еве јас ќе се обидам да ви помогнам да престанете да се резилите пред семејството, пријателите и пошироката јавност со тресење глупости на оваа тема.

Имено, со помош на јавно достапни информации, ви „нацртав“ дијаграм на зависноста меѓу надворешната температура и загадувањето со гадните пм честички заради кои сите (со право) лелекате. Податоците се од минатата година. На кој било функционално писмен човек тие статистички податоци би му биле сосем доволно еднаш за секогаш да ја затвори устата полна со стари дизели, диви депонии и оџаци без филтри, но на вас сепак морам да ви „прочитам“ што кажуваат тие податоци:

1. Рекордните загадувања се кога е ладно. Не кога работат фабриките, не кога возат колите, не кога се гради, не кога се палат депонии. Фабрики, коли, градење и депонии има преку целата година а не само во зима.

2. Доколку се елиминира греењето со горење дрва, сите други причинители на загадување, сите стари дизели, сите оџаци без филтри, сите диви депонии НЕ СЕ ДОВОЛНИ загадувањето да се качи во просек над дозволените граници. I’ll let that sink for a moment. Ќе повторам: дури и ако не се стави ниту еден филтер, дури ни ако ниту еден стар дизел не се исклучи од сообраќај и дури и ако ниту една дива депонија не се елиминра, загадувањето во просек ќе биде ПОД максимално дозволените граници.

3. Доколку не се адресира ВИСТИНСКИОТ проблем – а тоа е ГРЕЕЊЕТО – сите други мерки се ЏАБЕ. Загадувањето во зима ПОВТОРНО ќе биде екстремно. Пар-непар, точаци, филтри дрн дрн како мерки ќе го намалат загадувањето, но НЕЗНАЧИТЕЛНО.

4. Копирање на мерки од други места со загадување е ИДИОТСКО доколку генезата на загадувањето е различна. На пример, во Париз и Лондон загадувањето потекнува од коли и фабрики и кај нив нормално дека ќе се намали со пар непар филтри дрн дрн. Но, безумно копирање на таа мерка кај нас е, да повторам, моронски потег, пошто кај нас најголемиот дел од загадувањето НЕ ПОТЕКНУВА од коли фабрии дрн дрн, туку од ќумбиња.

ЕДИТ Извинете на тонот, ама сум изнервиран + разочаран. Ќе ми помине… ама загадувањето е остане се додека не му се погледне на проблемот во очи, а не да се замајаваме со небитни глупости.

Image may contain: text

Извор од каде е превземена веста. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10155823936727350&set=a.10150537688182350.402835.698147349&type=3&theater

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!