Nouriel Roubini : Bitcoin е шпекулативен меур кој ќе експлодира

Криптовалутата bitcoin е исклучителен шпекулативен меур кој на крајот ќе експлодира, предупредува познатиот економист Nouriel Roubini, познат како “доктор Пропаст”.

“Според моето мислење , имаме огромен шпекулативен меур кој се однесува на bitcoin, кој ниту е сериозен начин на плаќање ниту е добра оаза на инвеститорите за чување на вредноста на капиталот” изјави американскиот економист за Business Insider.

Како што објаснува тој “bitcoin се храни самиот со себе” и затоа нема било каква основa за цената на оваа криптовалута да достигнува толку високо ниво.

Цената на оваа виртуелна валута минатиот викенд се искачи на над 7600 долари, со што за 10 месеци порасна за 750 проценти.

“Покрај тоа, bitcoin го користат криминалците за своето работење во сивата зона. Верувам дека се повеќе држави ќе почнат да го прогласуваат тргувањето со криптовалути за незаконско како тоа што го направи Кина”, изјави Roubini , додавајќи дека новите прописи ќе бидат донесени.

error: Content is protected !!