Deutsche Bank ќе ги заменува своите вработени со роботи

Автоматизацијата и вештачката интелигенција претставуваат се поголема закана за вработените во многу индустрии, изгледа дека посериозен бран на отпуштања ќе ја зафати и банкарската индустрија.

Главниот извршен директор на Deutsche Bank, John Cryan, најави дека банката е спремна да замени илјадници вработени со роботи, со цел да ги намали трошоците со помош на вештачка интелигенција, пишува британскиот Independent.

Германската банка моментално вработува 97.000 луѓе, што за Cryanе претставува голем трошок, па затоа тој предлага замена на дел од нив со технологија што би придонела за поголема ефикасност во работењето.

Според него, банката премногу работи ги прави рачно и можноста да се направи грешка е голема. Затоа е потребна автоматизација во работењето. Deutsche Bank пред две години најави дека ќе отпушти 9.000 вработени  и ќе престане да работи во 10 земји во светот, како дел од плановите за реконструкција. Досега банката има отпуштено 4.000 вработени.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!