Со предлог буџетот за 2018 година Македонија ќе се задолжи над 854 милиони евра!

Според предлог буџетот за 2018 година максимално предвидениот износ на задолжување ќе изнесува над 854 милиони евра! Од тие 854 милиони евра дури 566,5 милиони ќе бидат обезбедени од надворeшните пазари а близу 300 милиони преку домашни аукции на долгорочни хартии од вредност.

Во предлог буџетот тежок 3,4 милијарди евра, за капитални расходи ќе се потрошат 400 милиони евра, а ставката за привремени вработувања се зголемува за речиси два пати. За нив годинава беа предвидени 674.000 евра а догодина 1,3 милиони евра. Ставката стоки и услуги се намалува за 3,3 милиони евра, а за плати и надоместоци има зголемување од 7,9 милиони евра.

Даночните приходи се планирани во износ од 2,3 милијарди евра. Тука е вклучен и ефектот по основ на зголемување на акцизата на нафтата  од околу 26 милиони евра а ефектот од акцизата е изразен и во очекуваното зголемување на приходите од ДДВ. Доминантно учество во планираните даночни приходи има ДДВ или 44,5% а на акцизата отпаѓаат 22,6%. Неданочните приходи се планираат на 280 милиони евра.

Расходите се планирани на 3 милијарди евра и се наменети за плати во јавен секотр, пензии, социјални надоместоци, субвенции, поддршка на претпријатија. Фондот за ПИОМ останува најголемиот расход во Буџетот. 500 милиони евра или 35 милиони повеќе, се наменети за навремена исплата на пензиите и нивно зголемување.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!