WBAF дава можност на 50 стартапи да бидат дел од годишната средба на бизнис ангели во Истанбул

За прв пат, Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (World business angels investment forum – WBAF) ги отвора своите врати за стартапи, компании што планираат проширување и брзорастечки бизниси.

На 19-ти и 20-ти февруари следната година, бизнис ангелите ќе се сретнат во Истанбул на годишна средба на WBAF со цел да создадат нови можности за пристап до финансии на стартапи и брзорастечки бизниси.

Целта на оваа средба е да им се даде прилика на 50 вакви видови на бизниси да се поврзат со стотици квалификувани бизнис ангели од пет континенти. Секој од овие 50 избрани бизниси ќе има прилика да ја презентира својата работа.

“Доколку сте претприемач или институција, како на пример, технолошки парк, инкубатор, центар за соработка или бизнис акцелератор, којшто сака да се промовира надвор од границите, бара дополнителни начини на финансирање и нови партнери за меѓународен раст, ве охрабруваме да научите како може вашиот бизнис да има бенефит од оваа единствена можност“, порачуваат од WBAF.

Рокот за пријавување е до 14-ти ноември оваа година.

Аплицирајте тука: https://gust.com/programs/wbaf-take-invest-summit-2018

Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) е интернационална организација чија мисија е да се олесни пристапот до финансии за стартапи, со цел да генерираат повеќе работни места низ целиот свет. Организацијата е посветена на соработка на глобално ниво за да го зајакне светскиот економски развој преку создавање на иновативни финансиски инструменти за иноватори, стартапи и мали и средни претпријатија. Форумот комуницира со лидерите во сите сфери на општеството, пред сè во бизнис и политичките сфери, за да помогне во проценувањето на потребите и поставувањето на целите, имајќи предвид дека јавниот интерес е од најголемо значење. За обликување на глобалната агенда, се комуницираат широк спектар на институции, јавни и приватни, локални и меѓународни, комерцијални и академски.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!