Летечкиот автомобил на Airbus ќе полета до крајот на годинава

На почетокот од оваа година Airbus вети дека до крајот на годинава ќе полета прототип на нивниот “летечки автомобил” а дека проектот за развој на ова возило напредува покажува и најновата објавена фотографија.

Светските медиуми пишуваа како во текот на оваа година ќе полета првиот Airbus “летечки автомобил”. За компанијата да покаже дека е на правиот пат во остварувањето на целта, објави фотографија на која е прикажана работата на тимот од Airbus во Калифорнија кој работи на два прототипа на идните “летечки автомобили”.

Демонстрацијата на овој вид на превозно срество ќе се одржи во тест центарот Pendleton во американската сојузна држава Орегон.

Проектот за развој на летечкиот автомобил на Airbus започна минатата година со започнувањето на проектот Vahana, а конечната цел е да се создадат автономни електрични летачки возила кои се способни да летаат во градско опкружување каде сообраќајните гужви се честа појава.  Овие возила од проектот Vahana на пазарот би можеле да стигнат во текот на 2020 година.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!