Ирска му помага на Apple да не плати даночен долг!

Позната е приказната како Ирска не сака да ги наплати казните и другите работи кои ги бара Европската комисија, зошто Ирска е на некој начин даночен рај за најголемите американски компании.

Но таа серија добива нова епизода која се вика даночниот долг на Apple, кој со казните изнесува дури 13 милијарди евра, Ирска сега како стојат работите нема да го наплати долгот во планираниот рок. Така да оваа приказна ќе се одолговлечи повеќе од една година,а целиот случај е сеуште на суд, затоа што американската компанија и Ирска се жалеле на одлуката на регулаторот (ЕУ).

Ирскаката агенција за долг сеуште бара менаџери кои би се гриеже за посебниот фонд на кои милијардите на Apple ќе бидат ставени до завршување на судскиот процес. Плановите биле тие луѓе да се вработат до средината на ноември, но тоа сега е очигледно дека на ирците нема да им успее. Поради очигледно намерното одолговлекување Европската комисија им се закани, па и Ирска би можела заедно со Apple да заврши пред суд.

Заклучно со оваа недела сеуште не е ангажиран ниту еден вработен, кој би требало да биди распореден за управување со сметката на која се наоѓаат средствата. Од агенцијата за долгови,  нагласија како нивните изјави од Јули и Септември, каде што збореа дека ќе формираат управувачки тим за водење на сметка до средината на ноември уствари не биле обврзувачки. Европската комисија е бесна и незадоволна, бидејќи првиот рок за прибирање на тие 13 милијарди евра истече уште на 3 јануари оваа година.

Ирска сака да ги заштити големите компании чии што седишта се во Ирска по секоја цена, а Европската Унија гледа по секоја цена да го наруши тој однос на Ирска и големите мултинационални компании, од што самата Ирска има големи бенефити.

error: Content is protected !!