Повеќето инвеститори имаат недоверба во Bitcoin

Без разлика што вредноста на Bitcoin порасна за невeројатни 700% од почетокот на оваа година, повеќето инвеститори, кои оваа недела учествуваат на самитот организиран од Reuters, кажаа дека не ги интересира вложувањето во оваа криптoвалута.

Потешкотиите што настануваат при утврдување на соодветната вредност на овој инструмент што постои помалку од една деценија, е една од клучните причини за држење настрана на многу инвеститори од Bitcoin, согласни се учесниците на Reuters Global Investment Outlook Summit за 2018 година.

Другите инвеститори пак тврдат дека оваа криптовалута се користи во криминални активности, како што е на пример перењето пари, што е уште една причина да се држат настрана од оваа криптовалута.

– Може ли да се живее без Bitcoin? Да. Може ли да се живее без лалиња во Холандија? Да – рече директорот на компанијата Prudential Asset Management господинот Sankaran Naren на самит во Мумбаи. Алудирајќи на измамата со лалиња во Холандија во 17 век.

Со идејата дека пазарот на Bitcoin кој сега вреди над 130 милијарди долари, претставува само меур од сапуница, се согласија повеќето учесници на форумот, кој истовремено се одржува во Лондон, Мумбаи, Њујорк, Сингапур и Токио.

Но едно е сигурно Bitcoin ќе има и понатаму две големи групи, и на луѓе и на инвеститори од кој едните ќе веруваат во него а другите ќе чекаат да пукнe и да кажат бевме во право. Времето ќе покаже кој бил во право.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!