Зголемете ги вашите Бизнис Можности и Контакти- БНИ Отворен Ден

Почитуван г-дин / г-ѓа предприемач, бизнис лидер….

БНИ Македонија со задоволство Ве поканува на Ден на деловни можности на нашата претприемачка група BNМ Synergy што ќе се одржи во хотелот TCC GRAND PLAZA (Tафталиџе), бул. 8-ми Септември 2/2, во Скопје, на 23.11.2017 г. четврток, од 08:00 до 10:00 часот наутро.

БНИ е меѓународна организација на претприемачи/деловни луѓе чија примарна цел е меѓусебно помагање на членовите при потрага по нови клиенти.

Таа денеска е исклучително успешна организација од ваков вид во светот, со повеќе од 8000 активни групи во над 80 земји низ целиот свет – во Германија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Италија, Унгарија, Ирска, Холандија, Скандинавија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Израел, Малезија, Сингапур, САД, Канада, Индија, Тајван, Тајланд, Јапонија, Мексико, Обединетите Арапски Емирати…

Во едногодишниот период наназад членовите на БНИ групите меѓусебно разменија над 9,3 милиони деловни препораки, со што за членовите изгенерираа зделки вредни над 13,5 милијарди долари.

После формалната бизнис нетворкин средба, ќе имаме неформален доручек во Хотелот (ценате е 250 МКД).

Понесете со себе многу визит карти.

Лице за контакт:
Деан Јадровски Тel: ‎075 666 551

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!