Луѓето кои се добри во видео игри имаат подобар резултат на IQ тестовите

Видео игрите се култура во денешното општество, а тие се продаваат како никогаш со сега, а во 2016 година просечната старост на гејмер била 35 години. А во прилог на тезата дека не треба да престанете да  играте видео игри е истражувањето кое покажува дека интелигенцијата и видео игрите се поврзани.

На универзитетот во York (британскиот, не канадскиот) докажаа дека тие што се добри во видео игрите постигнуваат и подобри резултати во традиционалните IQ тестови. Тоа го објаснуваат со фактот дека игрите ги поттикнуваат луѓето да размислуваат бидејќи мораат константно да бараат начини како да ја совладаат другата личност или вештачка интелигенција (AI).

На пример слична беше и приказната со шахот, кој поттикнува на размислување и ја “билда” интелигенцијата на тој што ја игра и се труди да биде што подобар. Истото тоа се пресликува и на видео игрите, без разлика дали се работи за Dota,  League of Legends, Counter Strike, Starcraft или било која друга игра која има компетитивен карактер.

Стимулативно е да го знаете сето ова, но треба да знаете дека можат да се создадат проблеми ако предолго играте. Можеби интелигенцијата ќе ви порасне, но ќе го нарушите вашето здравје, физичко и психичко, бидејќи освен што неактивноста резултира со разни проблеми на човековото тело, премногу играње видео игри влијае и на несоницата, а таа повлекува уште цела низа проблеми.

Затоа освен позитивните земете ги го во предвид и негативините последици. Особено во овие моменти кога гејмерската индустрија е толку моќна и на годишно ниво, надминува 100 милијарди долари приходи, како што е случајот со оваа година.

Не зачудува тоа што игрите се играат на сите платформи, и со самото тоа рушат рекорди во однос на приходите, но не треба луѓето да се претворат во “зомби” туку да ја знаат границата на корисното и штетното. На тој начин се создава силна група на интелигентни и лојлани играчи, односно корисници.

Но сигурно компаниите ги интересира како добрите гејмери кои решаваат виртуелни проблеми,  ќе почнат да решаваат реални проблеми, и на цел тој процес да гледаат како играње на видео игра. Тоа е многу добро прашање.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!