Менаџерска басна: Кога лавот отворил компанија и гo вработил магарето

Пребарувајќи нешто во врска со односите помеѓу менаџментот и вработените jа најдовме оваа интересна “менаџерска” басна. Што многу потсетува како некои македонски менаџери се однесуваат кога ќе дојдат до првите поголеми пари.

Еден лав основал нова компанија и вработил магариња да работат. На почеток се одело како што треба.

Лавот менаџирал, магарињата работеле, а компанијата се развивала.

После извесно време кога лавот видел дека има заработено многу пари, а дека нема слободно време,  решил да вработи менаџер. Лавот ја вработил мечката како менаџер да управува со компанијата.

Како вистински професионален менаџер, мечката барала секаков вид на извештаи за да може подобро да управува со компанијата но и да го известува лавот.

И конечно дошло времето кога лавот може да уживал, затоа што  мечката менаџирала, а магарињата  работеле со тоа што добиле и нова задача секој ден да пишуваат извештаи кои и ги праќале на мечката.

После некое извесно време мечката заклучила дека поминува премногу време анализирајќи ги тие извештаи па во манир на вистински менаџер вработила три волка како шефови чија работа ќе биде од сите тие извештаи да направат еден извештај кој ќе и го пратат на мечката.

Волците за да и покажат на мечката колку се тие стручни и вредни во својата работа, тие им вовеле на магарињата уште нови извештаи.

Сега магарињата покрај нивната редовна работа и пишувањето извештаи од порано добиле и пишување на уште повеќе нови и бројни извештаи.

Тоа магарињата ги направило многу несреќни па почнале да се жалат зошто морале да остануваат подолго на работа за да ги завршат сите тие извештаи за волците.

Мечката забележала дека моралот и ентузијазмот во компанијата опаѓал па ја вработил лисицата за да го крене.

Лисицата како вистински HR експерт направила анкети, организирала разни курсеви, настани и собири се со цел да го крене моралот и ентузијазмот во компанијата, но сето тоа било направено надвор од работното време и за време на викендите.

Магарињата веќе отворено покажувале огромно незадоволство затоа што имале се повеќе и повеќе работа и се помалку и помалку слободно време.

Во исто време лавот каков прав директор забележал дека профитот на компанијата драстично опаднал и  ги повикал своите подредени: мечката, волците и лисицата на состанок да одлучат какви следни чекори да преземат.

После долг и продуктивен сотанок. Одлуката е донесена. Да се отпуштат половина од магарињата за да се намалат трошоците во работењето, а на останатите магариња да им се намали платата за 20%.

*Разгледајте дали во вашата компанија има сличности со оваа менаџерска басна, ако има менувајте се додека не е касно. Ако работите спротивно од оваа басна, продолжете така.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!