Како Jeff Bezos преку слободниот пазар стана најбогатиот човек на светот

Американскиот претприемач и сопственик на Amazon и Washington Post, Jeff Bezos стана најбогат човек на светот. Со проценета вредност од над 91 милијарди долари односно од над 100 милијарди американски долари после Black Friday. Bezos го надмина досегашниот лидер од листата на Forbes на најбогати луѓе на светот, основачот на Microsoft, Bill Gates.

Успехот на Jeff Bezos е уште еден доказ дека слободниот пазар кој произлегува од капитализмот е најправедниот економски систем, бидејќи ги наградува трудот, мудроста, храброста и откажувањето. Bezos нема наследено никакво богатсво, тој е self-made милијардер. Ништо нема добиено на поклон, се има изградено од нула.

Jeff Bezos е роден во 1964 година, во, Albuquerque, во сојузната држава Ново Мексико. Мајка му била тинејџерка кога го родила. После една година се развела од биолошкиот татко на Jeff Bezos и се омажила за кубански мигрант. Тој уште како дете покажувал голем интерес за електроника. Ги обожавал “Војна на ѕвездите”, тој цело време нешто работел во гаражата на своите родители и околу куќата. Како тинејџер со татко му се преселил во Мајами каде ја развил љубовта кон компјутерите. Во средно школо го започнал својата прв бизнис, “Dream Institute” едукациски летен камп за деца од основно школо.

Дипломирал на компјутерски науки и електро инжинерство во 1986 година на универзитетот во Princeton. Веднаш после дипломирањето се вработил на Wall Street, каде што за неколку години променил неколку брокерски компании. Во 1990 година станал најмлад потпретседател на инвестициската компанија D.E. Shaw, каде ја запознал својата сопруга MacKenzie.

Без разлика што веќе имал изградено добра кариера и имал одлична работа, Bezos се одлучил на многу ризичен потег во 1994 година. Тој дал отказ, се преселува во Сиетл, и ја отвара првата интернет книжара. Канцеларијата ја отворил во својата гаража каде заедно со првите вработени започна да развива софтвер. Се прошириле на целата двособна куќа и го отвориле Amazon во 1995 година. Првите 6 години со 2001 година Amazon не работел со добивка, што значи дека Bezos се задолжувал како би продолжил да работи и да вложува за работа во која немало гаранциии дека ќе успее. Во тоа време да се потсетиме дека некои “експерти” како на пример Paul Krugman предвиделе дека “интернет тргувањето потполно ќе пропадне”. Но  Jeff Bezos одлучи да го слуша неговото срце а не лажните економски експерти. (продолжува на страна 2)

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!