Како Jeff Bezos преку слободниот пазар стана најбогатиот човек на светот

На крај сето тоа му се исплатело. Денес Amazon е водечка компанија не само за продажба на книги, туку продава се што може да ви текне, а може да се прати. Во исто време Amazon е заслужен за поволните цени, што значи дека на сите нас ни направил голема услуга. Во 2013 година го купил Washington Post за 250 милиони долари. Благодарение на растот на вредноста на неговата компанија Amazon, Bezos  успеа да се искачи на самиот врв на најбогати луѓе на светот.

Без слободниот пазар, Bezos не би успеал. Државата да поставеше тарифи и регулација на меѓународната интернет продажба, САД да имаше пред 20 години прописи какви денес има Македонија, Bezos не би успеал. Да го “гушеа” со високи даноци никогаш не би успеал. Успехот на Bezos како и на секој друг self-made  милијардер се темели на постулатите на претприемништвото на слободниот пазар и тоа докажува дека слободниот пазар ги наградува тие кои првенствено дале вредност на луѓето и целото човешто. Bezos на нас ни овозможи полесно и поповолно купување што директно влијаеше на подобрување на животниот стандард на луѓето низ целиот свет.

error: Content is protected !!