Хакатон за поттикнување на креативност во образованието

? Аплицирај на: https://goo.gl/forms/4H70a6c9d69kR7Ll2
⏳ Краен рок: 01.12.2017, 20:00 часот
? Капацитет: макс. 70 учесници
⏩ Дознај повеќе: http://www.eduhackathon.innovationlab.mk/

#Учество: Се очекува од сите учесници да можат да присуствуваат на сите три дена од хакатонот
Учеството е бесплатно.
#Работен јазик: Македонски

?️ Храната и пијалоците се обезбедени од организаторот
? Учесниците на крајот од хакатонот ќе добијат сертификат за учествo

#ОбразовенХакатон е тридневен настан кој го организира СмартАп во склоп на конференцијата “Квалитетно образование за раст, остварувања и подобра иднина” (“Quality Education for Growth, Achievements and Better Future”) а чии главни носители се Владата, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и UNICEF.

Во периодот 4-6 декември, преку тридневна интензивна работа, 5 до 7 тимови составени од дизајнери, ученици, наставници, родители, програмери, архитекти, психолози, социолози, креативци и други ќе работат заедно за да дојдат до инклузивни и иновативни решенија кои ќе одговорат на некои од предизвици во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет.

Повеќе за хакатонот може да дознаете на: http://www.eduhackathon.innovationlab.mk/

Предизвици на кои ќе се работи:
?‍? Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава?
?‍? Како да им се помогне на наставниците да останат во чекор со најновите трендови во педагогијата?
?‍? Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми?
?‍? Современата технологија како стимул за подобрување на постигнувањата на учениците?
?‍? Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка.

Обележете ги датумите 04 – 06 декември во вашиот календар и пријавете се за учество на #ОбразовенХакатон, поканете пријател/ка или учествувајте како претставници од вашите општествено одговорни компании и дадете свој придонес во креирањето на образование какво што од секогаш сте посакувале.

#Насоки за учество
Учесниците на хакатонот ќе бидат поделени во тимови од 6 до максимум 10 луѓе по правило на мултидисциплинарност и кои ќе работат на дизајнирање решенија на ниво на функционален прототип или пак мок-ап со обмислени придружни елементи како бизнис модел, дефинирање на потребите на пазарот итн.

#Решенијата ќе бидат презентирани во рамки на третиот ден пред група (одбрано “жири”) од релевантни чинители (Министерства, Фонд за иновации и технолошки развој, докажани претприемачи, професори, итн.) но и пред пошироката јавност присутна на конференцијата.

#Mенторство, за време на хакатонот, сите тимови ќе добијат менторска поддршка од професионалци / експерти од различни области согласно потребите при развојот на решенијата.
Дополнително, секој член од тимот ќе добие придружни материјали и водилки за работа.

? Како да аплицираш?
Учеството на хакатонот е отворено за сите заинтересирани, од сите сфери на делување.
За присуство на настанот потребно е да го пополните апликациониот формулар, а набрзо по крајниот рок за аплицирање – 01.12.2017, 20:00 часот, избраните учесници ќе бидат контактирани.
⏳ Краен рок за пријава: 01.12.2017, 12:00 пладне
#Апликационен формулар:
https://goo.gl/forms/4H70a6c9d69kR7Ll2

Се што ви е потребно е лаптоп, ентузијазам, креативност и желба за позитивна промена во општеството!

#Хакатонот е организиран од СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации во партнерство со UNICEF.

Доколку ви се потребни повеќе информации СмартАп ви стои на располагање на ngosmartup@gmail.com
Повеќе за СмартАп – https://innovationlab.mk/
Повеќе за настанот – http://www.eduhackathon.innovationlab.mk/

error: Content is protected !!