Бројките од НБРМ ја потврдија катастрофалната ситуација во македонската економија

Имено, во Q3/2017, НБРМ регистрира одлив на странски директни инвестиции, што укажува дека не само што нема нови странски директни инвестиции туку дека и постојните добивки ги изнесуваат надвор од Република Македонија. Така во Q3/2017 се забележува одлив од преку 50 mio €.

Странските инвеститори се загрижени за своите средства и единствен спас гледаат во напуштањето на Република Македонија.

Од почетокот на годината заклучно со Q3/2017, се остварени нето приливи врз основа на директни инвестиции во износ од 50,6 mio € што е помалку за 73,5% во однос на истиот период од минатата година, јасно е дека Република Македонија ќе ја оствари најлошата година од осамостојувањето до денес од аспект на привлекување на странски директни инвестиции.

Ваквите движења придонеле девизните резерви да се намалат за цели 100 mio € во Q3/2017 или вкупно 230 mio € за 2017 година.

Христијан Мицковски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!