Деривати на Bitcoin ќе се тргуваат на американскиот пазар на капитал!

Три американски берзи на кои се тргува со финансиски инструменти добиле одобрување од Федералната комисија за тргување со фјучерс договори (CFTC)  да започнат тргување со futures договорите поврзани со bitcoin.

Оваа криптовалута достигна вредност од 10 000 па после и до 11 000 долари, но потоа следуваше надолна корекција. Но после веста дека ќе започне тргувањето со futures договорите, цената пак започна да расте.

Futures договорот е вид на финансиски дериват, договор помеѓу купувачите и продавачите за размена на одредено добро, на пример хартии од вредност или производ, по посебна цена на некој иден датум одреден со договорот. Futures договорите им овозможуваат на инвеститорите и шпекулантите да се “кладат” на цената на bitcoin која ќе биде во иднина и така да заработат на нејзините флуктации без самите да вложуваат во криптовалутата.

Овој настан е од многу големо значење за целата bitcoin заедница бидејќи на одреден начин покажува дека финансиските институции од Wall Street би можеле полека да започнат да ги прифаќаат криптовалутите како mainstream финансиски инструмент.

Со  воведувањето на тргување со фјучерс договори ќе биде возможно да се користат вообичаените техники за заштита од ризик кои се познати во тргувањето со хартии од вредност (hedging), и со тоа ќе им се даде на инвеститорите поголема флексибилност и можност за намалување на ризикот.

Првите фјучерс договори врзани за цената на Bitcoin на пазарот ќе бидат пуштени веќе во понеделник на 18 декември, на берзата CME во Чикаго.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!