Ракометарот Ренато Вугринец отвори ресторан бар во Скопје

Сите го знаат Ренато Вугринец како многу добар ракометар кој играше во Металург. Самиот Вугринец повеќе пати изјавуваше дека му се допаѓа Скопје и Македонија и дека сака тука да остане, неговите зборови се покажаа како точни. Тој отвори ресторан бар во Скопје или како што го нарекува „street bar“.

Локалот се вика „Food Corner“, а се наоѓа во новата катна гаража, меѓу зградата на Судот и зградата на МРТВ, со поглед кон булеварот, односно факултетот.

“Во Скопје сум како дома, овде минав многу убави моменти и засега планирам да бидам овде. Почнав нова епизода, го отворив овој ’стрит бар’ и мислам дека имам што да понудам. Сега сум на почеток, но во план ми е и кетеринг служба, ’деливери’ служба, кафе за носење веќе имам. Посебен акцент имам на кафето во мојот локал, кафематот и кафето навистина се со висок квалитет. Со ракомет не сум завршил, би сакал да отворам ракометна школа овде во Скопје и сум во некои преговори, но засега е рано да зборуваме на таа тема“  изјави Ренато Вугринец.

Му посакуваме успех во новата професија.

error: Content is protected !!