Русија трупа златни резерви!

Централната банка на Русија ги зголемува резервите на злато како би ја исполниле целта која ја има поставено претседателот Владимир Путин, за Русија да се осигура од геополитички ризици.

До месец ноември, Русија имала 1801 тон злато што претставува 17,3% од сите резерви во светот. Русија заедно со САД, Германија, Италија, Франција и Кина се држави што имаат највеке резерви во злато.

“Според инструкциите од претседателот Путин, Банката на Русија  повеќе години спроведува програма за зголемување на златните резерви” изјави Сергеј Швецов од истата банка.

Од претседателските избори до сега, руските резерви на злато пораснаа за повеќе од 500%, односно за 343 тона. Со купување на злато државата станува помалку подложна на геополитички превирања. После референдумот на Крим, Русија ги зголеми своите резерви на злато за  скоро 75%.

error: Content is protected !!