Од 2012 до 2016 година хрватските стартапи добиле 100 милиони долари инвестиции

Atomico еврoпска инвестициска компанија која инвестира во технолошки стартапи во соработка со Slush, ги објави бројките за инвестициите во стартапите низ Европа. За Македонија нема бројки колку инвестиции добиле нејзините стартапи, но секој што бар малку ја познава македонската стартап сцена знае дека бројките се многу мали, дури и во споредба со Хрватска или Србија.

Во извештајот The State of European Tech од регионот само за Хрватска и Грција има податоци кои покажуваат дека и двете привлекле по 100 милиони долари поединечно инвестиции за периодот 2012-2016 година, пишува во извештајот кој Atomico го објави на најголемата стартап конференција во Европа, Slush, која се одржа во Хелсинки.

Најмногу инвестиции во стартапи привлече Велика Британија која за периодот 2012-2016 година доби 13,3 милијарди и 5,4 милијарди долари годинава. Следува Германија која за периодот 2012-2016 година има вкупно 8,9 милијарди долари инвестиции, а годинава 2,5 милијарди долари. На трето место е Франција за 2012-2016 година со 6,9 милијарди евра ,а оваа година 2,1 милијарда долари. Потоа следуваат Шведска, Шпанија, Холандија, Русија и Швајцарија сите под една милијарда долари инвестиции оваа година.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!