Од словенечка компанија украдени се биткоини во вредност од над 60 милиони евра

Словенечката полиција потврди дека компанијата со седиште во Словенија која се занимава со криптовалути, пријавила исчезнување на голема количина биткоини од нивниот e- новчаник.

Пријавата за напад на информатичкиот систем, при што од електронскиот новчаник исчезнале речиси 4700 биткоини, го поднесе стартап компанијата NiceHash која според пишувањата на медиумите, е основана од двајца словенечки државјани.

Таа компанија работела како берза на криптовалути и еден вид менувачница. Нејзините клиенти и корисници со кои е поврзана преку своите компјутери меѓу останатото “копаат” битокини, со кои тргуваат на пазарот на криптовалути.

Полицијата овој настан го третира како сомнеж за противзаконит упад во туѓ информатички систем и кражба која предизвикала голема материјална штета поради стекнување противправна материјална корист.

Поради истрагата која ја водат експерти за борба против сајбер криминал во полицијата наведуваат дека за досегашниот тек на истргата не можат да кажат ништо повеќе, пренесуваат медиумите кои наведуваат дека штетата ја надминува вредноста од 60 милиони евра.

Станува збор за прва голема кражба на криптовалути во Словенија а NiceHash со клиентите со кои работи ги извести за големината на случајот и ги замоли за трепение додека трае истрагата.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!