Пензиите, терет кој ќе не врати назад во 1980-тите

Македонија секоја година троши околу 1 милијарда евра на пензии. Придонесите кои ги плаќаат вработените обезбедуваат едвај 550 милиони евра за таа намена. Некои ситни средства се обезбедуваат во вид на дивиденди од разно-разни инвестиции и акцизи.

Останува дупка од околу 450 милиони евра, која мора да се крпи СЕКОЈА ГОДИНА, официјално со буџетски средства, а неофицијално со задолжување на државата. Таа дупка станува се поголема, бидејќи пензиите законски растат побрзо од вкупниот економски раст на државата… плус бројот на пензионери расте побрзо од бројот на вработени. Значи системот е пред катастрофа, и мора да се реформира.

Јас велам да се укинат субвенциите за земјоделие со што ќе се добијат 150 милиони евра, плус да се отпуштат 100 000 луѓе од државната администрација, и да се стопираат ордедени капитални инвестиции, со што ќе се добијат уште 450 милиони евра.

На тој начин буџетот ќе исплатува 100% од државните пензии, пензионерите нема да ја почувствуваат реформата, туку младите административци кои ќе треба да си бараат работа во приватниот сектор чии придонеси за пензиско осигурување, со оваа мерка ќе бидат укинати. Без придонеси за пензиско осигурување, приватниот сектор ќе расте побрзо, плаќајќи повеќе во буџетот.

Наместо ова, политичарите заговараат печатење на пари со цел да се покрие дупката, па наместо 100 000 административци и шака земјоделци ќе настрадаат 2 милиони луѓе… односни СИТЕ. Адвокатите кои заговараат “нов курс” на денарот, и кои пробуваат нашиот низок животен стандард да го сведат на “неликвидност” се првите фронтмени на инфлацијата која ни е неизбежна.

Откако за неколку години, конечно ќе се случи таквата катстрофа, јас ќе се појавам во видео совети на youtube за тоа како да ги избегнете сите давачки кон државата, како би работеле без данок или барем да плаќате што помалку. Држава која свесно го урива стандардот на луѓето, друго не ни заслужува.

Виктор Трифуновски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!