Јужна Кореја им забрани на банките да тргуваат со Bitcoin

Јужна Кореја во средата им забрани на финансиските институции тргување со криптовалути.

Јужна Кореја се трансформираше во центар на тргувањето со криптовалути и на таа земја денес отпаѓаат 20% од светските трансакции со Bitcoin. Тоа е десет пати повеќе од уделот на Јужна Кореја која го има во светската економија, забележува AFP.

Се проценува дека околку милион граѓани на Јужна Кореја, многу од нив мали вложувачи, поседуваат битокоини, а побарувачката е толку голема што цената е околу 20% поголема отколку во САД, најголемиот пазар на криптовалути.

Цената на bitcoin порасна оваа година, од помалку од 1000 долари во јануари, а порасна до над 17 000 долари оваа недела.

Минатиот викенд bitcoin “дебитираше” на традиционалните берзи, а фјучерс договорите во таа криптовалута беа вклучени во понудата на американската Chicago Board Options Exchange (CBOE). Се очекува од следната недела со нив да се започне и тргување на Chicago Mercantile Exchange.

Властите сепак не го забранија во целост тргувањето со биткоини ниту планираат да ја оданочат заработката на оваа трговија како што се шпекулираше.

Од кабинетот на премиерот најавија забрана за иницијална понуда на нови криптовалути (ICO).

Сеул, исто така ќе ги зајакне прописите за заштита на вложувачите како би ги сузбиле шпекулациите и евентуалните малверзации.

Во септември, јужнокорејската комисија за финансиски услуги, нареди забрана за иницијални понуди на нови “криптовалути со образложение дека криптовалутите не се пари, ниту валута ниту финансиски производ”.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!