Македонија ќе ја добие првата приватна ветерна електрана

Откако Елем го изгради Ветропаркот во Богданци пред неколку години, инвестиција вредна 55 милиони евра со капацитет од 100 гигават часови годишно. После неколку години пауза Македонија ќе ја добие и првата приватна ветерна електрана.

Компанијата Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана во Македонија откако нивното барање беше разгледано и одобрено од страна на владата.Станува збор за ветерната електрана „Босилково“ на територија на Свети Николе и Штип со проектиран капацитет од 33 мегавати.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на  ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост“ стои во владиното соопштение.

Со проектот Парк на ветерни електрани Богословец, општина Свети Николе и општина Штип предвидено е да се изградат 10 столба на коишто ќе се постават турбини со моќност од 3,3MW, да се догради и прошири постојниот пристапен пат и да се изгради ТС 20(30)/110kV со приклучен далновод 2x110kV.

Уште нема точни податоци колкава ќе биде вкупната инвестиција на првата приватна ветерна електрана „Босилково“, односно од која компанија ќе ги набават “ветерниците”. Државниот ветропарк од Богданци користеше опрема од Сименс Данска.

error: Content is protected !!