Неколку богати земји првпат воведоа ДДВ!

Овие држави веќе долго време привлекуваат странски работници со ветување за живот без данок на додадена вредност, но сега сакаат да ги зголемат приходите поради ниската цена на нафтата.

Саудиска Арабија и Обидинетите Арабски Емирати, две држави од Персискиот залив, од понеделникот на своите граѓани за прв пат во својата историја им воведоа данок на додадена вредност, поради големите трошоци што ги имаат за војската односно поради падот на цената на нафтата на светскиот пазар.

Најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија, во неделата најави зголемување од 127% и 83% на цената на разни видови горива, а одлуката е веќе стапена во сила.

Воведувањето на ДДВ од 5% е договорено во јуни во 2016 година, помеѓу претставниците на шест земји од Советот за соработка во заливот, а покрај Саудиска Арабаија, и OAE, го сочинуваат и Бахреин, Кувајт, Оман и Катар.

Цената на нафтата е на најниско ниво од почетокот на финансиската криза, а со воведувањето на овој нов данок, овие шест арапски држави сметаат дека тоа ќе им помогне да ги стабилизираат финансиите и нивните економии.

error: Content is protected !!