Поради укинатите канали, договорите со ВИП и Телеком може да ги раскинете без пенали

Корисниците на услугите за кабелска телевизија на ВИП и Телеком, можат да ги раскинат договорите без да плаќаат пенали, откако операторите укинаа дел од програмите, велат од Агенцијата за електронски комуникации, пренесува, Сакам да кажам .

Од први јануари операторите ВИП и Телеком ги укинаа каналите „Дискавери“ и „Јуроспорт“, заменувајќи ги со други канали. Корисниците на нивните услуги можат да ги раскинат договорите бидејќи не се испочитувани одредбите на договорите.

„При склучување на договорот операторот се обврзува да му ги гарантира на корисникот каналите кои ги нуди во моментот на негово склучување. Доколку дојде до ваква ситуација, да се укинат канали тогаш корисниците можат слободно да побараат раскинување на договорот без да платат пенали. Прво можат да се обратат до операторот и доколку не им биде одговорено треба да поднесат приговор во АЕК. Ние ќе им издадеме решение дека операторот го прекршил договорот и претплатникот може во секој момент да го раскине“, велат од Агенцијата за електронски комуникации.

Изминативе три дена голем број граѓани реагираа на исклучените канали, велејќи дека клучен фактор за склучување на договорот со операторот биле спортските канали.

error: Content is protected !!