Србија го покачи минималецот а ги намали придонесите

Минималната цена на трудот во Србија од 1 јануари наместо 130 динари ќе изнесува 143 динари по саат (1,2 евра). Се проценува дека минималецот во Србија го добиваат 350 000 работници.

Минималецот во 2017 година, изнесувал 22 620 динари месечно (190 евра), а во новата година ќе биде поголем за 2202 динари и ќе изнесува 24 822 динари (209 евра),

А за работoдавачите има и една убава вест, а тоа е дека се зголемува даночниот дел кој не се оданочува и тоа за 3210 динари. Неоданочениот дел од платата од 1 јануари изнесува 15 000 динари.

Луѓето што започнуваат свој бизнис ќе имаат можност за ослободување од плаќање данок на заработка и тоа до 9 работници по компанија.

error: Content is protected !!