„Дискавери“ разочаран од односот на Македонски Телеком и Оне.Вип

Oд 1 јануари претплатниците на Оне.Вип и Македонски телеком немаат пристап до каналите на Дискавери – Ти-Ел-Си, Дискавери истраги. Гледачите веќе на својата листа со канали ги немаат ниту Евроспорт 1 и Евроспорт 2, а со тоа останаа без можноста да ги следат најголемите светски спортски настани.

„И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал“, пишуваат во соопштението од агенцијата која ги поседува правата за регионално емитување на овие канали.

error: Content is protected !!