Путин ќе лансира крипторубља

Претседателот на Русија, Владимир Путин дал налог да се започне со изработка на крипторубља, пишува Financial Times, повикувајќи се на неименуван претставник од Москва.

Путин е сигурен дека државната криптовалута ќе помогне да се заобиколат американските санкции. Криптовалутата ќе овозможи да се прават финансиски операции во рубљи и во исто време да се избегнат санкциите кои ја ограничуваат можноста да се привлекуваат инвестиции, а FT наведува дека појавувањето на крипторубљата е долгорочна цел.

Путин после состанокот со еден од основачите на криптовалутата Етериум, Виталик Бутерин и постави задачa на владатa да изгради база за регулирање на пазарот на криптовалутите како и на blockchain технологијата.

После тоа, советникот на рускиот претседател за економски прашања Сергеј Глазјев предложи да се направи крипторубља.

“Можеме да си ги средиме односите со нашите партнери по целиот свет, без да обрнуваме внимание на санкциите” изјави тој на неодамнешната седница на руската влада.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!