Петта година сме во ЕУ. Што добивме? -Ништо

*Текстот е преземен од еден од највлијaтелните хрватски весници Слободна Далмација, а автор на истиот е Ивица Шола, се извинуваме однапред ако некој се навреди читајќи го текстот, не ни е тоа намерата. Macedonian Business Hub нема ништо против никого а најмалку спрема некој народ. Само сакаме да ја презентираме и другата страна од приказната која во Македонија ретко се пишува или збори. Паметниот учи на туѓите грешки, будалиот на своите.

Од почетокот на осамостувањето, Хрватска од Европската Унија(заедница) добивала само проблеми. Во деведесетите години огромно мнозинство на членки беа против нашето осамостојување. Дури и со своето не(дејстување) учествува во злочинестите намери на Милошевич!

Најпрвин, кога бевме нападнати и голораки, во Обединетите Нации членките гласаа за ембарго на увоз на оружје. Со тоа де факто ни го ставија Милошевичкиот нож под грклан.

Уште полошо, Митеран дури и откако Милошевич го масакрираше Вуковар, кој отворено го поддржуваше овој монструм, што беше посебно забележливо кога НАТО, сакаше да ги бомбардира српските позиции во опколеното Сараево, а тој како жив (српски) штит, слета во Сараево и ги спаси Србите за да можат непопречено да продолжат да го масакрираат несрпското население.

Дволичното плакнење

Во Вуковар набљудувачите на Европската заедница, кои ги викавме сладоледџии мирно си гледаа како Шљиванчанин, според пописот на КОС, и Аце Васиљевич ги носат ранетите и цивилите во Овчара.

Тогаш кога е формиран Хашкиот суд за поранешна Југославија, нејзините членки, особено Велика Британија, направија се да ја задржат документацијата за Србија да се амнестира без разлика дали е Вуковар, Сребреница па сега имаме смешна ситуација дека Хрватска е де факто агресор на БиХ, а Србија не е.

За тоа отворено прозборе во Јутарњи во саботата високиот претставник на овој трибунал и тужител во процесот со Милошевич, Џофри Најс. Тука посебна улога во заштита на Србите и амнестија за Вуковар со својата политика на обвинување одигра злогласната Карла Дел Понте, кога ги одвои Вуковар и Овчара, така за Вуковар никој не одговараше, само за Овчара, и тоа со срамни мали казни.

Воедно Европската унија (заедница) во целиот овој процес беше соучесник со злочините на Милошевич, и делумно и со пропустот на наша штета.

Откако беа соучесници во злочините на Милошевич, а благодарение на Хрватите и Олуја, дојде мир, како пример во процесот на помирување по примерот на Германија и Франција, веднаш после Втората светска војна.

Во овој контекст тој пример е дволично плакнење бидејќи во случајот на Германија и Франција се знаеше кој е агресор, а кој беше нападнат, се знаеше кој е победник, а кој е поразен како и кој мора да плати воена оштета.

Во случајот на Србија, за разлика од Хитлерова Германија, цел политички и воен врв е амнестиран благодарение на диверзијата на “некои” од најважните членки на ЕУ- која го тресеа Хаг, па една таква споредба на Германија и Франција е една непоправлива лакрдија и дволичност.

Споредбата на процесот на помирување на Србија и Храватска, со Германија и Франција би имала смила, доколку како во нирнбершкиот процес му се пресуди на целиот српски-југословенски политички и воен врв, а Србија како агресор мора да плати воена оштета.

Патем, процесот во Нирнберг траеше година дена, а Хашкиот суд 24 години! И уште не завршил со работа, во смисла дека големите сили се тие кои управуваат со резултатите и “вистината” на овој суд кој посеа семе на злото на овие простори за наредни сто години.

Измет на тортата

Тогаш започна нашиот пристапен процес. Европската унија која почива на владеењето на правото овде се однесуваше како лицемерна стара курва, како што ја нарече Станко Ласиќ. Само неколку примери. Сите држави на Европската унија имаат на море економски појас како би ги заштитиле своите интереси и своите рибари како и биолошката разновидност.

Но наместо владеење на правото, Европската унија во нашиот пристапен процес примени мафијашки закон- рекет! Италијанците изрекетираа и ништо од економскиот појас. Исто така во сите важни прашања  со своите блокади се однесуваше и Словенија, а Европската унија тоа го дозволуваше и не стоеше на страна (на меѓународниот) закон, туку на мафијашкиот јазик на рекетот.

Така ние, наместо спорот со Словенија да го решаваме во согласност со меѓународното право како сите земји,  нас не присилија на арбитража по принципот “правичност”. И тогаш повторно Словенците на мафијашки начин ја контаминираа арбитражата, и ние од неа излеговме, и Европска Унија пак не притиска, да ги прифатиме резултатите од арбитражата, кои настанале на мафијашки рекет и корупција.

Како измет на тортата, минатата година Германија изврши чин на културна агресија на Хрватска. Имено, јазикот е темел на идентитетот на секој народ, а германските државни институции финансираа во Сараево “Декларација за заеднички јазик”  на една група југонационалисти.

Како и да е, Европска Унија е таква каква што е. Но таа не е крива. Криви се нашите политичари кои на членството во ЕУ гледаа како на цел, а не на средство. И ги симнуваа гаќите. Сега трубат за некакви пари од ЕУ фондовите. Илузија, бидејќи не кажуваат дека тоа се наши пари, кои ни ги уплаќавме  и ги преплативме,  дека повеќе даваме на ЕУ отколку што повлекуваме.

Треба ли да искочиме од ЕУ? Не, туку да останеме и посилно да се поврземе со земјите од Вишеградската група. Овие земји за разлика од нас, после влегувањето во ЕУ се многу успешни. За нив ЕУ е само средство, а рецептот за нивната успешност е едноставен. Тие,  односно нивните лидери, за разлика од нас и нашите држат до себе!

Ако се направиш црв, не се чуди зошто сите те газат. Како во тој вицот: Зошто плачеш? Затоа што татко ми отиде на рибарење. Во Брисел.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!