Словенечки стартап зема 18 милиони долари преку иницијална понуда на криптовалута

Словениja продолжува да дели лекции по претприемништво, откако успеаa да продадат стартап за 1 милијарда долари за него Macedonian Business Hub пишуваше (Апликацијата Talking Tom им донесе милијарда евра на словенечките создавачи ), сега почнаа да собираат пари и од иницијална понуда на криптовалути (Initial coin offering – ICO).

Станува збор за  InsurePal кој преку ICO  успеа да собере 12,6 милиони долари, а кога започна продажба за само 80 секунди го собра останатиот износ, достигнувајќи вкупна вредност од 18 милиони долари, пишува словенечки Delo.

Средствата ќе се користат за создавање на осигурителна платформа на технологија на block chain. Собраните пари ќе бидат искористени за технолошки развој на платформата, добивање на потребните дозволи, зајакнување на тимот и поставување на важни меѓународни партнерства.

Очигледно македонските претприемачи имаат многу што да научат од нивните словенечки колеги, а владата на Македонија уште повеќе може да научи од Словенија за нивните закони за девизно работење и останати сегменти кои ги засегаaт нашите претприемачи.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!