Венко Глигоров: Се зголеми буџетот, па следиме само „дрпање“ од стопанството

Колку што разбравме претходно, поентата беше парите да се вратат во стопанството. Наместо тоа, се зголеми буџетот. Па следиме само „дрпање“ од стопанството. Се’ некакви давачки, даноци, измислици за да се храни пренатрпаната администрација …

Оваа погубна политика на зголемени зафаќања од приватниот сектор и од креативниот ум во Македонија нема да донесе резултати. Ќе не’ дотепа. Толку ли не можат да увидат?

Основно е да се направи прераспределба на одредени државни функции да преминат во приватен сектор – а со нив и вработените. Такви може да бидат 20 до 30% од вработените во државна администрација.

Кога треба да ни се земаат пари во разни форми, Македонија ја споредуваат со Данска, Шведска и останати земји. Викаат, така било таму …

Во ред е тоа. Но дај споредете се тогаш и во услугата што ја давате во однос на тоа што го земате … Споредете ја Македонија со истите тие Вши омилени земји со ефикасност на администрација, исчистени градови, квалитет на здравство, борба со загадување, среденост на држава … Тогаш, сигурен сум дека ќе ви кажеме: Земете и повеќе, нека има државата.

Вака, Вашите барања за давачки ги третираме како класичен рекет и бескруполозен арач.

Венко Глигоров

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!