Рација во OneCoin 50 луѓе на испитување!

OneCoin наводната крипто компанија, привлече многу инвеститори низ целиот свет, поради ветувањата за висок поврат на инвестираните средства. Меѓутоа blockchain-от на самиот coin е само фиктивен.

Ружа Игнатова е основачот на OneCoin, бугарка која има и германско државјанство. Инаку OneCoin е забранет во Германија, а викендов е изведена рација на барање на оваа земја.

Операцијата ја изведоа бугарски обвинители, агенти на националната безбедност и единицата за организиран криминал. Доказите се конфискувани, а околу 50 луѓе се одведени на испитување но немало апсење, тоа се случило во Софија во канцелариите на OneCoin.

Компанијата уште останува оперативна бидејќи е регистрирана во Обединетите Арабски Емирати и работи на меѓународно ниво.

Канцеларијата на бугарското обвинителство, изјави минатата седмица дека ” Компаниите кои се поврзани со OneCoin Ltd се истражуваат во Англија, Ирска, Италија, САД, Канада, Украина, Литванија, Латвија, Естонија и многу други држави”.

Многу регулаторни тела задолжени за хартии од вредност и финансиски деривати упатуваа предупредување во врска со OneCoin.

Во Јули 2017 година, Игнатова е уапсена во Индија, заедно со уште 30 лица, и беа обвинети за водење измами, во кои биле вклучени илјадници инвеститори. Индиската полиција забележала дека парите на OneCoin се чувани за 35 различни банкарски сметки, а поголемиот дел од нив биле префрлени на непозната локација непосредно пред апсењето.

Да нема забуни OneCoin не е исто што е Bitcoin или Еthereum, многу инвеститори во криптовалути со години тврдеа дека OneCoin дека не е криптовалута туку дека е измама.

error: Content is protected !!