Инфо ден на проектот „Подобрување на конкурентноста на МСП преку развој на капацитети за иновации„

На 7ми февруари со почеток во 12 часот ќе се одржи промотивна конференција која ќе го означи стартот на проектот „Подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку развој на капацитети за иновации“, финансиран од Европската Унија. Локацијата на настанот ќе биде дополнително објавена.

Проектот кој ќе биде имплементиран од страна на партнерските организации Фондација Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд од Бугарија се стреми да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

Во рамки на проектот ќе биде креиран онлајн курс за иновациски менаџмент, водич за иновации и водич за финансирање. Исто така, планирани се и обуки за мали и средни компании на теми поврзани со европските програми за финансирање Хоризонт 2020 и Инструментот за мали и средни претпријатија (МСП Инструмент) како и обуки за заштита на интелектуална сопственост. За прв пат во Македонија ќе биде изработена и лансирана мобилна апликација која ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачката на иновативни технологии на светско ниво со што се планира да се олесни трансферот на иновативни технологии, а ќе биде и лансирана и национална награда за најдобрите иновативни компании.

Сите заинтересирани потребно е да пополнат регистрација достапна на следниов линк https://goo.gl/forms/MbVMCkVOI047DyG82 најдоцна до 2ри февруари 2018.

Повеќе детали може да добиете со испраќање на е-мејл на aleksandar.filiposki@yes.org.mk или на 23108891.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!