Кои компании добија пари од фондот за иновации за намалување на загаденоста на воздухот?

Избрани се петте иновативни компании што понудија технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Македонија кои аплицираа на јавниот повик ,,О2 Предизвик’’ од Фондот за иновации и технолошки развој. Тоа се следниве компании:

„Еко Солар“ од Штип – наградена за нејзиното технолошко решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки келии, кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите. Колекторот би служел како дополнување на постоечкиот ситем за греење. За ова решение тие побараа 1.722,753 илјади денари.

„Бизифај“ од Битола која ќе изработи течност од веќе постоечки полимери која има способност да ги апсорбира штетните ПМ 2,5 и ПМ 10 честитчки. Оваа течност ќе се користи за прскање градежни површини и патишта. Буџетот за развој на овој производ е 1.890,000 денари.

„Технолоџи парк“ од Тетово е добитник на средства за изработка на бизнис-модел за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови. За таа цел, технолошкиот парк побара 1.492,804 илјади денари.

„Технобен Нова“ од Прилеп ќе биде субвенционирана за изработка на плочест топлиноразменувач со вграден Вентури апарат како интегрирана целина за прочистување на гасовите што се испуштаат од одредени индустриски објекти. За да го произведе тој уред, оваа фирма има потреба од 1.929,150 илјади денари.

„Венито Комерц“ од Кавадарци ќе биде поддржана за да развие електричен велосипед кој ќе биде приспособен за користење во градски средини, со вградени филтри за прочистување на воздухот, а истовремено фирмата ќе работи и на развивање  посебни станици за полнење на батериите во велосипедот. За да го развие овој проект, компанијата побара 1.683,430 илјади денари.

Бидејќи побараните средства од страна на селектираните фирми го надминуваат вкупниот буџет предвиден од Фондот за овој повик за 50%, во тек се поединечни преговори со претставници на компаниите, а со цел прецизно утврдување на учеството на Фондот во финансирањето. Разликата од планираните и средствата што ќе се доделат ќе се покрие со дополнителни средства од Фондот.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!