Сорос во Давос удри по Facebook, Bitcoin, Google, Trump …

Џорџ Сорос ги нападна интернет гигантите Facebook и Google во Давос.  Ги опиша како се “помоќни монополисти” кои би можеле да бидат во искушение да се поврзат со авторитарните режими заради создавање тоталитарна мрежа која не би можел да ја смисли ниту Џорџ Орвел, во неговите романи.

“Давос e добро место за објавување дека нивните денови се одбројани” изјави Сорос додека интернет гигантите имат пуштено цела “војска” на нивни вработени во Давос.

На прашање за Bitcoin кажа дека “тоа не е валута” коментирајќи дека нејзиниот раст е “типичен меур од сапун”. Но не верува во вртоглав пад на Bitcoin, туку во постепен пад.

Сорос уште еднаш кажа дека Доналд Трамп претставува закана за светот. А “комплимент” доби и рускиот претседател нарекувајќи ја Русија, мафијашка држава.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!