Телекабел ќе стане четврти мобилен оператор во Македонија!

Сопственикот на Телекабел, господинот Роберт Димитров преку Facebook статус најави дека во 2018 година ќе понудат мобилна телефонија, а дека не се работи само за обичен Facebook статус, се гледа во неговиот одговор во интервју за Мактел.

“Припремите се во тек, веќе се спремаме за инвестиции и правната рамка, но за неколку месеци Телекабел покрај кабловски и интернет провајдер ќе стане и мобилен оператор. Тоа јас го напишав и на мојот фб профил пред неколку денови. Телекабел е бренд кој е омилен кај граѓаните, ќе продолжиме со нашиот заштитен знак а тоа е постпејд сервис без договор за верност, со тоа сите наши клиенти ако не се задоволни можат да си заминат веднаш и за тоа нема да плаќаат никакви пенали” изјави Роберт Димитров.

Останува да видиме дали ќе биде виртуелен мобилен оперaтoр како Lyca, или ќе биде редовен оператор како што е Telecom или VIP. Но во секој случај треба да не радува, што ќе се појави конкуренција во телекомуникацискиот бизнис и во сегментот на мобилната телефонија. Зошто после спојувањето на Vip и ONE, како да стагнира или опаѓа квалитетот на услугите во мобилната телефонија во Македонија.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!