Пад на индустриското производство во декември

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е намалено за 2,6%. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст од 1.8%, a во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.5%,  во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи и Производство на метали.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст кај Капитални производи за 22.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 46.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.8%.

Но тоа што треба да не загрижува е дека во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на периодот јануари – декември 2016 година, растот изнесува само 0.2%

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!