Ко-основачот на Apple, Steve Wozniak ги продал сите биткоини

Steve Wozniak за време на неговoто излагање на Нордискиот бизнис-форум, се осврна на повеќе теми. За време на неговото излагање, Wozniak открил дека некое време експериментирал со bitcoin. Но, во еден момент тој одлучил дека му е доста од експериментирање со виртуелни валути и ги продал сите биткоини што ги поседувал.

Се испостави, дека тоа го направил во вистинско време, кога вредноста на bitcoin сè уште била околу 20.000 долари. Иако не сакаше да открие колкав износ на биткоини купил за неговиот експеримент, сепак открил како ги купил додека нивната вредноста била околу 700 долари, некаде летото во 2017 година.

Како причина за неговото откажување односно продавањето на неговите биткоини ,Wozniak ја наведува причината дека не сака да биде еден од оние кои постојано ја следат цената на биткоините и се загрижени дали нивната цена ќе оди нагоре или надолу.

Wozniak едноставно не сака да се оптоварува со бројките, бидејќи како што вели самиот тој, тоа не му е потребно во животот.Тој, исто така, додаде дека парите никогаш не го интересирале многу, па затоа не тргува ниту со акции.

На својот iPhone никогаш не ја вклучил апликацијата Apple Stock.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!