Уште една турска компанија ќе инвестира во Бунарџик

На прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, изјави дека министрите вчера ја прифатиле предлог одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1, или ТИРЗ 1 со Друштвото за производство, трговија, промет и услуги ДОГАН ОТОМОТИВ ДОО увоз – извоз Скопје.

“Ова е нова инвестиција на Друштвото Доган Отомотив од Турција. Станува збор за компанија која произведува резервни делови за автомобилската индустријa” додаде Бошњаковски.

Засега нема информации за колкава инвестиција станува збор, и колку луѓе ќе вработи ниту колку државна помош ќе добие оваа турска компанија.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!