20 македонски компании добија пари за иновативни проекти

Дваесет македонски компании добија 80 милиони денари преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), од кои 58 милиони денари обезбедува Владата, а останатите од Светска банка. Корисници на парите се петте најуспешни учесници на повикот на ФИТР „02 предизвик“, како и 15 најдобри проекти од четвртиот повик за инструментите за поддршка на стар-ап и спин-оф и за комерцијализација на идеи.

Ќе се спроведуваат проекти што треба да придонесат за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини, како што се електрични велосипеди, воздушен колектор, прочистувач на гасови од индустриски објекти.Дел од иновативните проекти се за примена на интегриран електронски систем за следење на здравствена состојба на ризични груи пациенти, паметен систем за читење водомери.

Македонија заедно со Косово и Белорусија лани беа единствените европски држави кои воопшто не беа рангирани во глобалниот индекс на конкурентност. На листата на глобалниот иновациски индекс ситуацијата е подобра, но, според директорот на ФИТР Јован Деспотовски, останува фактот дека заостануваме значително зад глобалните европски трендови.

Од канцеларијата на СБ во Македонија, од каде досега се поддржани 36 микро и мали компании за иновациска дејност порачаа дека силните иновациски способности се важни за градење динамични и отпорни економии.

“Иновациите им овозможуваат на фирмите да се специјализираат, да ги исполнат меѓународните стандарди за најдобри практики, да го надградат квалитетот, да ги намалат трошоците и најважно од се да отворат нови работни места” изјави Марко Мантонавели, директор на Канцеларијата на СБ во Македонија и Косово.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!