Бугарија и Романија ќе ставаат повеќе пари во касата на ЕУ!

По се изгледа поминаа златните времиња на сиромашните членки на ЕУ. Имено осум источноевропски членки на ЕУ ( Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Бугарија и Романија) се согласија да ги зголемат уплатите во буџетот на Унијата за 1,1 отсто, откако Велика Британија, која значително придонесуваше за европскиот буџет, ја напушти ЕУ, изјави Јанос Лазар, шеф на Кабинетот на украинскиот премиер Виктор Орбан.

“Осум земји се согласија да издвојат повеќе од својот пропорционален бруто домашен приход во европскиот буџет и тоа е еден од поуспешните потези. Осум земји ја отворија можноста да ја зголемат уплатата до дури 1,1 отсто” рече Лазар.

Со излегувањето на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година Брисел ќе остане без 12 милијарди евра во годишниот буџет, кој моментално изнесува околу 140 милијарди евра.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!