ММФ бара Македонија да ја зголеми старосната граница за пензиониорање

Македонија мора да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да се усогласи до европската за да се покрие дупката во пензискиот фонд. При зголемувањето на пензиите пресудна треба да биде инфлациската стапка, а не порастот на платите, препорача Џасмин Рахман, шеф на мисијата на ММФ за Македонија.

„Дефицит во пензискиот фонд во Македонија е 4.5% од БДП, но со оглед дека населението старее, се очекува процентот да се зголеми до 10,5% од БДП, што не е одржливо и нешто мора да се случи за да пензискиот фонд биде одржлив, возраста на пензионирање tтреба да се доведе во согласност со европските земји.“ – вели Џасмин Рахман, шеф на мисијата на ММФ за Македонија.

Со оглед дека во многу држави на ЕУ минималната граница за пензионирање е 65 години, како и дека дупката во ПИОМ изнесува над 500 милини евра годишно, како и фактот дека компаниите нема да можат да издржат зголемување на приодонесите за пензиско зошто тоа ќе значи намалување на ново вработените лица и бран отпуштања кај некој компании. Изгледа дека покачувањето на старосната граница за неколку години е најоптимално решение.

error: Content is protected !!