Човекот кој го создаде германското економско чудо после II светска војна

Ретко и освежувачки ќе биде ако моќните го разберат ограничувањето на моќта, односно да ја отфрлат нејзината употреба и да започнат да ја враќаат на поединците кои го сочинуваат општеството. George Washington беше таква личност. Ciceron беше вториот. Таков беше и Ludwig Erhard, кој направи повеќе од било кој во денацификацијата на германската економија после Втората светска војна. Со тоа што го создаде чудесното економско опоравување.

“Пред мои очи” Erhard во јануари 1962 година кажа “моќта е секогаш досадна, опасна, брутална и во крајна линија глупа”.

Според сите критериуми, Германија беше вистинска катастрофа во 1945 година – поразена, девастирана, поделена и деморализирана – и тоа не само поради војната. Нацистите,секако беа социјалисти (нивното име доаѓа од Национал-социјалистичката германска работничка партија), така повеќе од една деценија економијата беше планирана од врвот. Која беше мачена со контрола на цените, рационализирање (ограничено трошење), бирокатратија, инфлација, кронизам, картели, погрешно насочување на ресурсите и со државна контрола над важните индустрии. Произведувачите го произведувале тоа што планерите ќе им го наредат. Служење на државата била највисока вредност.

30 години порано, тинејџерот Ludwig Erhard слушнал како неговиот татко расправа за класично-либералните вредности во разговорот со неговите деловни колеги. Баварскиот претприемач кој се занимавал со облека и текстил, активно се спротиставувал на се поголемата картелизација на германската економија од страна на царот Wilhelm постариот. Биографот на Erhardov, Alfred C. Mierzejewski  ќе напише за таткото на Ludwig:

Без разлика што никогаш не бил многу богат, тој станал член на солидната богата средна класа, која живеела од напорна работа, задоволувајќи ја растечката побарувачка на потрошувачите во тој период, а не со лобирање за државни субвенции или заштита како што правеле многу благородници, како би ги сочувале своите фарми односно многу индустријалци како би успеале да ја одбијат конкуренцијата од странство.

Младиот Ludwig  ги презирал обврските и теретите кои владата ги наметнувала на искрените и самостојни деловни луѓе како неговиот татко. Ја развил неговата животна страст за конкуренција на слободниот пазар, бидејќи го сфатил тоа што Hayek толку добро го кажал во четириесетите години на минатиот век: Што повеќе државни планови, се потешко станува планирањето на поединецот”.

Сериозно ранет од страна на сојузничките сили во Белгија во 1918 година, либералните вредности на Ludwig  се засилиле со негово искуство во крвавата прва светска војна. После силната хиперинфлација која ја зафати Германија во годините после првата светска војна, стекнал докторат по економија, го презел семејниот бизнис, за на крајот да води институт за истражување на пазарот, кој му дал можнист да пишува и говори за економските прашања.

Доаѓањето на Хитлер на власт во текот на триесетите години, длабоко го вознемирил Erhard. Тој одбил да има било какви врски со нацизмот или нацистичката партија, дури и тивко го поддржувал отпорот против режимот кој со години се развивал. Нацистите на тоа реагирале со тоа што тој во 1942 година ја изгубил работата, кога напишал труд во кој ги опишува своите идеи за слободна економија. после војната. Следните неколку години ги поминал како деловен советник.

Во 1947 година претседавал со важна монетарна комисија. Тоа се покажало како важен чекор кон позиционирањето како директор за економија во Bizonal Economic Council, создадена од американските и британските окупациски власти. Таму конечно можел да ги претвори своите погледи во политиката и трансформирањето на земјата.

Погледите на Erhard до тогаш силно се зацврстиле во непроменливи уверувања. Валутата мора да биде цврста и стабилна. Колективизмот било смртоносна глупост која ги гушела креативните луѓе. Централното планирање било измама и заблуда. Државните компании никогаш не би можеле да станат прифатлива замена за динамичните конкурентни и претприемачки пазари.

“Многу е лесно да им давате на сите поголемо парче од се поголем колач” кажа тој “отколку да добијат повеќе преку борба околу делење на мало колаче, бидејќи во таков случај секоја предност за една страна е недостаток за другата страна”.

Erhard се залагал за фер натпревар без привилегирани. Неговиот рецепт за опоравување? Државата ќе ги постави правилата на игра и сите други работи ќе им ги остави на луѓето сами да ја извадат Германија од мртвилото.  Современиот економист William H. Peterson открива што се случило после тоа:

Во 1948 година во една јунска недела без знаење и одобрување на сојузничките војни окупациски власти ( кои секако биле далеку од своите канцеларии) западногерманскиот министер за економија, Ludwig Erhard  еднострано и храбро издал наредба во која се бришат рационализрањето и контролата на цените и платите и се воведува нова цврста валута Deutsche mark. Одлуката стапила на сила веднаш. Erhard  на збунетиот германски народ му рекол: ” Сега единствен ваш БОН е вашата марка”

Американските, британски и француски власти, кој го именувале Erharda  на неговата позиција, биле запрепастени. Некој го обвинувале дека ги пречекорил своите дефинирани овластувања, односно дека треба да го отстранат. Но делото веќе било направено. Американскиот командант Lucius Clay му рекол ” Erhard, моите советници кажуваат дека правиш голема грешка”. “Немој да ги слушаш генерале” одговорил Erhard, “моите советници ми го кажуваат истото”.

Clay протестирал што Erhard  го променил сојузничкиот програм за контрола на цените, но Erhard  инисистрал дека воопшто ја нема променетo политиката за контрола на цените. Едноставно ги укинал. Во следните недели и месеци, издал дерегулациски налози. Ги намалил царините. Ги покачил даноците за потрошувачка, но повеќе ги надокнадил со 15% намалување на данокот на доход. Со укинувањето на дестимулацијата за штедење (да и тоа постоело), тој поттикна една од највисоките стапки на штедење во било која западна индустријализирана земја. Западна Германија стана преплавена со капитал и раст, а комунистичка Источна Германија колабираше. Економистот David Henderson пишува дека мотото на Erhardov може да биде “Немојте да седите само поништете нешто”.

Резултати биле восхитувачки. Како што пишува Robert  A. Peterson: Речиси веднаш, германската економија се препородила. Невработените се вратиле на работа, храната повторно  се појавила на полиците во продавниците, а легендарната продуктивност на Германците се ослободила. Во рок од две години, индустриското производство се зголемилло за три пати. На почетокот на 1960-тите Германија била третата најголема економска сила на светот. И сето тоа се случило додека Западна Германија асимилирала стотина илјади бегалци од Источна Германија.

Тоа било раст кој ги надминал и европските држави кои примиле далеку повеќе помош во рамки на Маршаловиот план од Гемранија.

Поимот “германско економскo чудо” бил широко користен за тоа што се случило во 1950-тите години пред очите на целиот свет, но Erhard  на тоа никогаш не гледал така. Во својата книга “Просперитет преку конкуренција” од 1958 година, напишал ” Тоа што се случило во Германија … е се освен чудо. Тоа е резултат на искрени настојувања на целиот народ, кои во склад со начелата на слободата, имал прилика да ја искористи личната иницијатива и човечката енергија”.

Искушенија која ги донела социјалната држава од 1960 -тите поништила некои од реформите на Erhard. Неговите три години како канцелар (1963-66) се помалку успешни од неговиот мандат како министер за економија. Тој засекогаш го дал одговорот на прашањето:” Што треба да правите со економија во рушевини?, а тој одговорил: “Ослободете ја”.

Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.

error: Content is protected !!