Државата вработува регистратор за нето месечна плата од 67 000 денари

Откако МЕПСО вработи копирант на документи за 25 000 плата за што MBH пишуваше. На ред дојде Централниот регистар на Република Македонија да вработува РЕГИСТРАТОР за нето плата од 67 000 денари. Излегува дека е поплатено да си РЕГИСТРАТОР во Централниот регистар отколку да си програмер со 5 години работно искуство во приватен сектор.

А најинтересниот дел од огласот е дека се работи за определно работно време од 4 години (дали тоа се поклопува со еден парламентаран мандат проценете сами).

За сите што веруваат дека огласот не е однапред наместен и веруваат дека може да се вработат еве го целиот оглас.

Врз основа на член 18 став 2 од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл. весник на РепубликаМакедонија бр. 84/2005, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15 192/15 и 53/16), и член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Р. Македонија” број 167/2015 – пречистен текст и 27/2016) a во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/14 од 16. 02. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор и именување на Регистратор

За именување на Регистратор на Централниот регистар на Република Македонија на определено време за 4 четири) години, се именува лице кое треба да ги исполнува следните услови:

1) да е државјанин на Република Македонија;
2) активно да го користи македонскиот јазик;
3) во моментот на именување со правосилна судска пресуда да не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или
должност;
4) VII1 степен ВСП правен факултет Дипломиран правник со положен правосуден испит и 5 (пет) години работно искуство на правни работи по положувањето на
правосудниот испит,
– Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата) и основна нето плата од 67. 243,00 денари;
-Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8, 00 часот a завршува во 16, 00 часот.

Во прилог на пријавата кандидатите треба да ги достават следните документи:
– Пријава со кратка биографија (CV);
– Уверепие за државјанство
– Доказ дека со правосилна суцска пресуца не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
– Уверение Диплома за завршено образование;
– Доказ за работно искуство на правни работи;
– Копија од лична карта

Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта. Телефон за контакт 3 288 100, лице за контакт Катерина Филиповски.
Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши најкасно во рок до 45 (четириесет и пет) работни дена по истекот на рокот за пријавување.
Некомплетните и ненавремено поднесените молби нема да се разгледуваат.
Централен регистар на Република Македонија Скопје

error: Content is protected !!